Претседателот Иванов на Економски форум во Полска
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од денеска ќе престојува во посета на Република Полска, по повод учеството на 25. Економски форум, што ќе се одржи во Круница – Здруј.
Како што соопшти кабинетот на престедателот, во рамки на форумот, Иванов ќе се обрати на сесијата насловена „Кон флексибилна Европа: Стратегии за иднината“, и на Форумот на млади лидери на сесијата „Лидери на утрешнината – Какви лидери ѝ се потребни на Европа во 21 век“. Во фокусот на годинешниот форум е економската и политичката ситуација во Европа и во светот, енергетската безбедност и иновациите.
За време на посетата предвидено е претседателот Иванов да се сретне со претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда.
Економскиот форум, кој оваа година се одржува по 25. пат, претставува најголема и најреномирана конференција во Централна и Источна Европа со фокус на економијата и политиката во овој дел од континентот. Целта на оваа иницијатива е да се создаде поволна клима за развој на политичката и економската соработка во Европа.
Во македонската делегација предводена од претседателот Иванов е и министерот без ресор, Фуркан Чако, кој пред полските бизнисмени ќе ги презентира поволностите и можностите за инвестирање во РепубликаМакедонија.
Ново на Сител
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост