Претседателот Иванов го прими шефот на холандската дипломатија Кундерс
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Берт Кундерс.
На средбата претседателот Иванов и министерот Кундерс разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Кралството Холандија, интеграцијата на Република Македонија во ЕУ и во НАТО, како и актуелните состојби со мигрантската криза.
Република Македонија, рече претседателот Иванов, соопшти неговиот кабинет, останува посветена на заложбата за почеток на пристапни преговори со ЕУ и зачленување во НАТО, како највисок стратешки приоритет, порачувајќи дека статус-кво состојбата не смее да продолжи.
Во контекст на мигрантската криза, стои во соопштението, претседателот Иванов рече дека земјата се залага за сеопфатно европско решение, за заеднички критериуми за редуцирање на нелегалниот наплив на мигранти, за намалување на безбедносните ризици и промена на законите за заштита на границите.
Република Македонија, рече претседателот Иванов на средбата, одговорно ги спроведува заклучоците на Европскиот совет во поглед на регистрацијата на мигрантите и бегалците согласно европските стандарди, и го повтори ставот дека Република Македонија останува транзитна земја за мигрантите, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци