Претседателот Иванов го прими грчкиот амбасадор Јанакакис
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска го прими шефот на Канцеларијата за врски на Република Грција во Република Македонија, Димитрис Јанакакис.
Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, на амбасадорот Јанакакис му посакал добредојде и успех во вршењето на функцијата, воедно изразувајќи уверување дека со неговиот ангажман ќе придонесе во натамошното унапредување на билатералните односи меѓу двете земји.
Претседателот Иванов го поздравил интензивирањето на дијалогот на министерско ниво и напорите на двете земји за забрзување на процесот на имплементација на мерките за градење доверба.
- Неопходно е да ги збогатуваме и да внесуваме нова содржина во билатералната соработка, која недвосмислено помага во создавањето на позитивен амбиент. Истото се однесува и на позитивниот тренд во политичкиот дијалог кој во наредниот период треба да го одржуваме и збогатуваме на сите нивоа, истакнал Иванов.
Во тој контекст, македонскиот претседател ја нагласил потребата од продлабочувањето на економската соработка и усогласување и унапредување на правната рамка, како и потребата за натамошно инфраструктурно и енергетско поврзување, ревитализација на железничката мрежа и отворање на нови гранични премини.
Двајцата соговорници размениле мислење за можни проекти, чија реализација преку билатералната или регионалната соработка, би биле од интерес на нашиот регион.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право