Балкан
2. July 2018 - 10:23

Претседателката на Хрватска ги гушкаше разголените фудбалери по пласманот во четвртфиналето на Мундијалот

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ го гледаше синоќа мечот со Данска во Новгород, по што влезе во соблекувалната лично да им честита на момчињата.

Не и пречеше тоа што хрватските репрезентативци по победата над Данска беа полуголи во соблекувалната.

Во четвртфиналето Хрватска ќе игра со домаќинот на Мундијалот Русија, па останува да видиме дали по тој дуел ќе се радува Грабар Китаровиќ или Путин.