Македонија
7. May 2017 - 9:35

Претпладне жешко, попладне локален дожд и грмежи

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер поизразен вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од пет до 11, а дневната од 17 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до повремено засилен северозападен ветер.

Температурата ќе се движи од осум до 24 степени.

Потоа следува период на променливо и нестабилно време, во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Пооблачно и ветровито со северен ветер ќе биде и во понеделник и вторник, кога под влијание на нов влажен бран врнежи од дожд се очекуваат во поголемиот дел од земјава. Позначително но не и долготрајно спуштање на температурата се очекува од среда.