Македонија
6. јуни 2017 - 8:27

Претпладне сончево, попладне нестабилно со дожд и грмежи

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне наместа нестабилно со локален пороен дожд и грмежи особено во западните и северните делови.  

Утринската температура ќе се движи од 12 до 18, а дневната од 25 до 32 степена.

Во Скопје слично времеУтринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе достигне до 30 степени.

До четврток ќе се задржи нестабилно време, околу пладне и попладне со локална појава на пороен дожд и грмежи со променлив интензитет. Во четврток ќе дува засилен северен ветер и од втората половина на денот ќе настапи постепена стабилизација на временската состојба, по што следува период на стабилно и топло време со пораст на температурата.