Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со повремен дожд
– Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне прво во западните, а во вечерните и ноќните часови и во останатите подрачја на земјава ќе биде облачно со повремен дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен до силен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.
Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени.
Во Скопје променливо облачно, а во вечерните и ноќните часови облачно со повремен дожд. Во делови од Скопската Котлина врнежите повремено ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи, засилен до силен ветер, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме. Максилната температура ќе достигне до 23 степени.
Утре и во првите денови од следната недела ќе преовладува претежно стабилно време. Ќе дува засилен до силен северен ветер и температурите постепено ќе опаѓаат.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи