Македонија
1. January 2018 - 12:06

Претепано и ограбено младо момче во Скопје

Ноќеска во 02,05 часот во Единицата за информации и команда-Скопје , пријавено е дека истиот ден во 00,30 часот во Скопје на ул.„Владимир Полежановски“ во угостителски објект, непознат сторител извршил разбојништво над Г.Ј. (1991) од Кавадарци на тој начин што физички го нападнал удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на телото, му го одзел мобилниот телефон „Самсунг“ и го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.