Македонија
30. January 2018 - 10:53

Претепан затвореник во Идризово

Во текот на вчерашниот ден во 16 часот во Казнено – поправната установа Идризово затвореникот Р.Ѓ. ( од Јурумлери, скопско, бил удрен во пределот на носот од страна на затвореникот А.К.

На Р.Ѓ. му била укажана медицинска помош во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје и му биле  констатирани тешки телесни повреди.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.