Фудбал
1. November 2020 - 11:19

Пресврт во Болоња

Фудбалерите на Болоња по три порази конечно славеа во Серија А. Во меч со пресврти тимот на Михајловиќ го совлада Каљари со 3-2.
Гостите поведоа во 15-та минута преку Жоао Педро, а во последната минута од првото полувреме Болоња стигна до многу потребното израмнување преку Бароу.

Веќе во втората минута од продолжението Каљари повторно поведе преку Симеоне, но следеше блицкригот на домаќинот.

Соријано ја погоди мрежата на противникот во 52. минута, а Бароу го постигна својот втор гол четири минути подоцна.

Каљари имаше две исклучителни шанси до крајот на мечот, но мрежата на Лукас Скорупски некако остана недопрена.

Во следното коло, Болоња го пречекува Наполи, додека Каљари на домашен терен игра против Сампдорија.