Македонија
1. December 2019 - 16:36

Престрелка со автоматско оружје во Александар Палас - според МВР повредени нема

Претходната ноќ не поминала мирно за гостите во хотелот Александар Палас. Истрели од оружје предизвикале вознемиреност кај нив, посебно што во престрелката која се случила во објектот во доцните часови се употребило автоматско оружје. Пет машки лица седеле во ресторанот кога упаднале 3 лица и почнале да пукаат кон нив. Меѓу нападнатите бил и полицаец кој не бил на работа, но извадил пиштол и со цел да се одбрани почнал да пука кон напаѓачите, кои веднаш потоа избегале.

Вработените не сакаа да зборуваат пред нашата камера, за тоа што точно се случило во ресторанот. Добиле наредба,  да не пуштаат новинарски екипи внатре.

По инцидентот, реагираше и опозицискат ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата се сомневаат дека полицијата ќе излезе со детали за случајот.

Полицијата засега не го открива идентитетот на напаѓачите, ниту пак кои биле причините за нападот. Од МВР кусо ни одговорија дека работат на случајот.