Свет
23. October 2016 - 11:27

Пресреќен: На џихадист му соопштија дека е одбран за бомбаш самоубиец

Во последно време се радуваме на различни работи, а едно момче посебно се израдува кога му соопштија дека е одбран да биде бомбаш самоубиец на ИСИС:

На снимката се гледа како друг припадник на ИСИС пред него ги држи рацете, додека уште двајца внимателно гледаат која рака ќе ја одбере. Ја одбра десната рака, во која се наоѓаше камен и момчето моментално почна да слави заедно со момчето што стоеше пред него.

„Победникот“ тогаш со огромна насмевка се шеташе наоколу додека другите го гушкаа и бакнуваа во чело.

Следната сцена која се гледа е као автомобилот вози низ село, а го следи сцена на чад која се крева од оддалечената зграда и сето тоа делува како напад.

Никој не е сигурен дали момчето од снимката извршило самоубиствен напад.

Се верува дека снимката е направена за да се промовираат ИСИС, откако борците почнаа полека да ги напуштаат.

Погледнете ја снимката: