Македонија
22. July 2018 - 13:43

Пресметка во Сингелиќ: Малолетно дете се удрило во десното крило од возилото, излегле двајца и го претепале возачот

Вчера во 22,00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Д.Т.(24) пријавил дека истиот ден околу 18,30 часот на улицата “Алија Авдовиќ“ од страна на две непознати лица бил физички нападнат со удари од тупаници по главата и телото.

До физичкиот напад дошло, според кажувањето на пријавителот, во моментот додека тој го управувал своето возило, малолетно дете се удрило во десното крило од возилото.

По ова тој сопрел, излегол од возилото да му помогне на дететот но веднаш бил нападнат од лицата.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.