Препораки поради невообичаено високите температури, ув индексот 7
Температурата на воздухот денеска и во наредните денови ќе достигне до 32 степени. За денеска од УХРМ најавуваат и висока вредност на УВ индексот, седум. Поради невообичаените високи температура за овој период од годината Минисерството за здравство издаде препораки за населението.
Од Министерството за здравство посочуваат дека ненадејната изложеност на повисоки температури, без претходна постепена адаптација, создава чувство на поинтензивна топлина слична на температурите во јули и aвгуст и може да предизвика здравствени проблеми кај некои лица.
- За таа цел, се препорачува да се носи соодветна лесна облека, да не се престојува предолго на директна сончева изложеност, а хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија, се вели во соопштението од Министерството за здравство.
Зголемување на облачноста и услови за слаб локален дожд се очекува утре попладне, а под влијание на северно воздушно струење дневните температури значително ќе опаднат.
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра