Препорака до банките да ги исплатат пензиите од 28 март
Владата им препорача на деловните банки порано да обезбедат исплата на пензии односно од 28-ми март.
– Вицепремиерката за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска се обрати до Македонската банкарска асоцијација со барање поради вонредната состојба со коронавирусот, банките да овозможат исплата на пензиите во пет групи на пензионери според износот на пензија по работни денови од 25 март до 31 март 2020 година. По добиеното известување од Македонската банкарска асоцијација, Кабинетот на вицепремиерката за економски прашања и координација со економските ресори, предложи, а Владата прифати да им се препорача на деловните банки да обезбедат исплата на пензии од 28-ми март, се вели во соопштението од владината прес-служба.
Ново на Сител
-
ЦУК со апел за внимателност поради најавените метеоролошки промени
-
Во Грција уапсени 67 лица за спортско насилство и убиство на полицаец
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи