Македонија
22. March 2019 - 19:43

Преполовена затворската казна за убиецот на охриѓанецот Димитар Матилоски

Преполовена затворската казна за убиецот на охриѓанецот Димитар Матилоски.

Апелациониот суд во Битола ја намали казната од 16 на 8 години за српскиот турист Бојан Угреновиќ кој за време на новогодишната ноќ до смрт го претепа 26 годишниот Димитар Матилоски во строгиот центар на градот, на само неколку чекори до сопствениот дом. Трагедијата да биде уште поголема убиецот е на слобода и никој не го бара низ солзи вели мајката на охриѓанецот .Семејството на Димитар бара правда  и  најави дека случајот ќе оди на Врховен суд .

Три години и три месеци по убиството на Димитар неговата мајка Драгица учителка во пензија , ја објави својата трета книга, „Мојот живот после изгубен живот”.

Во дневникот таа ја соголува душата и отворено раскажувајќи за тагата, осаменоста, солзите, стравот и болката по синот.

Книгата која има за цел да не се заборави и никогаш да не се повтори крвавата ноќ која што се случи 2016 година во Охрид е обвиена со корица на која е насликано Охридското езеро со белите галеби кои го симболизираат заминувањето на синот на небото.

Драгица најави дека ќе продолжи да пишува за хуманитарни цели и вели никогаш нема да се откаже од барањето на правда.