Пренасочување на сообраќајот од „Никола Тесла“ поради изградба на пругата Куманово-Бељаковце
Жителите од кумановските села Горно и Долно Којнаре и од улицата „Никола Тесла“ во наредниот период ќе треба да се движат по друг пат за да стигнат во градот. Пренасочувањето на сообраќајот ќе се спроведува во рамки на реконструкцијата и рехабилитацијата на железничката пруга Куманово-Бељковце. Градежните работи се изведуваат во потесното градско подрачје. Станува збор за сообраќајниците улиците „Никола Тесла“ и „Доне Божинов“ во населба Средорек.
Активностите ќе се одвиваат на одредена локација под и околу мостот на улицата „Никола Тесла“ што значи дека локалното население ќе има слободен пристап до своите домови.
- Со цел да се избегнат потенцијални инциденти или кој било вид на несреќи на локалното население кое би се движело по овие сообраќајници, како и непречено извршување на градежните активности, согласно законската регулатива во Република Македонија, сообраќајот ќе се одвива под посебен времен режим, кој реализиран во оваа фаза, ќе вклучува пренасочување на цеколупниот сообраќај од улица „Никола Тесла“, поради нејзино времено затворање, се вели во соопштението испратено до медиумите од компанијата „Х.Ф. Вибе“.
Официјално пренасочувањето на сообраќајот започна на 19. месецов и ќе трае до завршување на градежните активности. Од денеска е изработена дополнителна патека по која пешаците ќе можат безбедно да поминуваат заобиколувајќи го градилиштето.
Тоа значи пренасочување на возилата кои пристигнуваат во градот од регионалните патишта Р178 од селата Лојане, Ваксинце и Речица и Р1104 од селата Долно и Горно Којнаре. Тие ќе бидат насочени кон магистралниот пат А2 Е871 односно Куманово – Крива Паланка со движење кон Крива Паланка преку патниот јазол (клучка) за приклучување кон регионалниот пат Р1204 (Куманово – Свети Николе) кон Свети Николе, а потоа исклучување на патниот јазол кај црквата „Св. Архангел Михаил“ и вклучување на улицата „Доне Божинов“ (улица 202), за да пристигнат кон автобуската станица и центарот на градот.
Со истата траекторија, но со обратна насока ќе треба да се движат и возилата кои сакаат од центарот на градот и автобуската станица да се движат кон селата и регионални патишта (Р178 од селата Лојане, Ваксинце и Речица) и Р1104 (од селата Горно и Долно Којнаре). Тие наместо да се движат по улицата „Никола Тесла“, ќе треба да се упатат по улицата „Доне Божинов“ до клучката кај црквата Св. „Архангел Михаил“ за да се приклучат на регионалниот пат Р1204 (Куманово – Свети Николе) кон Крива Паланка. Потоа, преку клучката за приклучување кон магистралниот пат А2 Е871 со движење кон автопатот Е75 (Белград – Скопје), се оди во саканите насоки.
Ново на Сител
-
Артета: Сочувствувам со Гвардиола, минува низ пекол
-
Сиљановска Давкова за инцидентите со знамето: Повикот за разум, толеранција и дијалог е клучен во вакви моменти
-
Откорната плочата на почесниот конзулар на Србија во Куманово
-
До 5 години затвор за лицето кое го запали македонското знаме во Скопје | ФОТО
-
Кошта: Треба да работиме на проширувањето на ЕУ без вештачки временски рокови и бесконечни пречки
-
ОЈО: Предложен притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза
-
Педесет и седумгодишен маж пронајден починат во својот дом во Кисела Вода
-
Куманово: 20-годишник приведен за непочитување на наредба на ненајавен собир по повод Денот на албанското знаме