Македонија
6. November 2017 - 8:55

Премиерот Заев на економски форум во Виена

Премиерот Зоран Заев заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев ќе учествува на Економскиот форум „Дијалог за иднината 2017“, што се одржува во Виена, Австрија.

Претседателот на македонската Влада ќе има обраќање во рамки на дебатата на тема „Регионалната соработка како дел од европските интеграции“, а вицепремиерот Анѓушев ќе говори на првата пленарна сесија „Живееме во дигитално време! Визија и реакција на инвеститорите“.

Како што соопшти владината прес-служба, во попладневните часови, предвидено е премиерот Зоран Заев да оствари средба со министерот за надворешни работи и иден канцелар на Австрија, Себастијан Курц.