Македонија
22. July 2019 - 16:26

Премиерот Заев доби жестоки критики, поддржувачи и коалициони партнери не ја одобруваат изјавата дека Македонците краделе историја

Интервјуто  на премиерот Заев за грчка Алфа во кое тој вели дека сме ја присвојувале тугата и балканска историја како своја предизивика силни реакции во јавноста.

Академикот Божин Павловски  на премиерот му порача дека вакви изјави можат да го разорат целиот образовен систем, кој и без тоа минува низ криза.

99 проценти од македонската наука, култура и уметност е беспрекорно коректна кон сите свои соседи. Доказ се над 70 илјади наслови на книги и публикации во нашите библиотеки и архиви. Зошто толку лаички и смртно опасно го поткопуваш нашиот духовен живот? , напиша Павловски

Реагираше и режисерот Милчин.

Ме вџашува леснотијата со која демонстрирате скудно познавање на историјата и ги навредувате Македонците кои паметат или знаат колку и кои војски газеле овде и што оставиле зад себе, напиша на социјалните мрежи Милчин

Љиљана Поповска од Дом потсети дека Македонците ниту присвојувале туѓи територии, ниту туѓа историја. Било обратно, зошто нашите соседи пред нас формирале свои држави и обезбедувале моќни сојузи.

Реакции дојдоа и од  наголемата опозициона партија.

Изјавата на Заев за  преземање на туѓата историја беше пренесена во сите балкански медиуми.

Попладнево преку Фејсбук реагираше премиерот Заев.