Премиерот Спасовски е негативен и на второто тестирање на КОВИД-19
Премиерот Оливер Спасовски на Фејсбук објави дека е негативен и на вториот тест за коронавирус, за кој резултатот го добил денеска. Воедно и порачува дека е многу е важно сите да ги почитуваат мерките и препораките.
– Многу е важно сите до еден целосно да ги почитуваме мерките и препораките. Секој од нас може да даде придонес за јавното здравје за наскоро да можеме заедно да го вратиме животот во новата нормала. Им благодарам на сите за поддршката. Останува и понатаму да внимаваме и да ги почитуваме мерките на предострожност. Да носиме заштитни маски, да држиме физичка дистанца од два метри, да се чуваме, а со тоа да ги чуваме и другите. Секој што ги почитува мерките спасува здравје и живот. Само со заеднички придонес, полесно и побрзо ќе ја добиеме битката со КОВИД-19, напиша Спасовски на својот Фејсбук профил.
Претходно денеска и министерот за здравство Венко Филипче објави дека има негативен резултат од второто тестирање на коронавирус.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација