Живот
22. August 2016 - 14:43

Премиерот се онесвести додека држеше говор

Премиерот на Сингапур Ли Хсјен Лунг се онесвести во неделата додека држеше двочасовен говор кој директно се пренесуваше на телевизија/

Ли (64) по повеќе од два часа говорење одеднаш замолчил и се онесвестил.

По укажаната леакрска помош, која траела безмалку час и половина, Ли се вратил и го продолжил говорот што присутните го поздравиле со громоглаен аплауз.

лекарите рекле дека проблем бил уморот и дехидратацијата, отфрлајќи ја можноста за мозочен удар.

-Ви благодарам што ме чекавте. Сите ве исплашив, рече Ли које е на власт од 2004 година, пренесоа агенциите.

Тој држеше говор по повод Националниот ден на Сингапур, а вети дека по ова ќе оди на детален лекарски преглед.

Погледнете го видеото: