Македонија
29. November 2024 - 9:02

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на почеток на реконструкција на Спортската сала „Расадник“ во Општина Кисела Вода

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на почеток на реконструкција на Спортската сала „Расадник” во Општина Кисела Вода.

Како што информираат од Владата, реконструкцијата чини околу 90.000.000 денари и е финансирана преку Министерството за спорт.

Предвидено е со реконструкцијата спортската сала „Расадник” да добие простор за ракомет, баскет, мал фудбал, одбојка како и деловен простор кој ќе се издава се со цел спортската сала да биде рентабилна. Општина Кисела Вода ја презема спортската сала од владиното ЈП за стопанисување со спортски објекти без долгови. По 30 години негрижа конечно започнува реконструкцијата на салата „Расадник”, со што повторно ќе го добие својот сјај.