Премиерот Ковачевски во официјална посета на Словенија
Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Република Словенија. Ковачевски ќе биде пречекан со највисоки воени почести во замокот Брдо кај Љубљана од страна на словенечкиот премиер Роберт Голоб со кого потоа ќе има тет-а-тет средба по што двајцата премиери ќе потпишат заедничка декларација за зајакнување на соработката меѓу двете држави. По потпишувањето на декларацијата, двајцата премиери ќе одржат заедничка прес-конференција. (линк).
Предвидено е да се одржи и билатерален состанок на двете делегации. Во состав на македонската делегација е и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
По средбите во замокот Брдо, премиерот ќе се сретне и со претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, како и со вицепремиерката и министерка за надворешни и европски прашања Тања Фајон и со министерката за дигитализација Емилија Стојменова Дух.
Ново на Сител
-
61% од учениците жртви на психичко насилство, 30% не се чувствуваат безбедно во училиштата
-
Иновативниот пристап препознат кај водичите
-
Експлозија на Косово: Курти ја обвинува Србија, Белград говори за намерна диверзија
-
Преглед на вестите од светот
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски