Македонија
26. September 2017 - 13:56

Премиерот и сите министри во Владата не ги користат службените возила за време на кампањата

Премиерот Зоран Заев како и сите други министри во владата, на сите партиски активности учествуваат исклучиво по завршување на работните обврски во своите кабинети и не ги користат ресурсите на Владата за овој вид активности.

- Лажни и неточни се информациите дека Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, како и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ги користеле службените возила за време на предизборната кампања за локалните избори. Потенцираме дека во текот на вчерашната посета на Ресен, Битола и Демир Хисар премиерот Зоран Заев користеше приватно возило, се вели во соопштението од Владата.

Владата ги повикува органите на државната управа да ги преземат сите законски мерки за да се гарантира избирачкото право на сите граѓани. 

- Владата донесе Декларација за заложби за слободни и фер избори, а усвоивме и дистрибуиравме прецизно Упатсво за начинот на постапување на премиерот, министрирте во владата, и сите останати државни функционери за забрана за користење на државни ресурси, возила, опрема и останато, за време на изборна кампања, стои во соопштението од Владата.