Македонија
21. September 2015 - 11:25

Премиерот Груевски во посета на Пелагонискиот регион

Премиерот Никола Груевски, денеска ќе престојува на Пелагонискиот регион, во рамки на кој ќе ги посети општините Битола, Могила и Ресен, соопшти владината прес-служба..

Според агендата, премиерот Груевски прво ќе ја посети општина Могила каде ќе присуствува на отворање на спортски сали во селата Новаци и во Могила. Во Новаци претседателот на Владата ќе присуствува на црковно-народниот собир во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“, а во Могила ќе има средба со жителите на ова населено место. Предвидена е и посета на Основното училиште „Кочо Рацин“ и средба со жителите на село Долно Српци, како и посета на земјоделска фарма на индивидуален земјоделец во ова село, кое е дел од општина Могила.

Во Ресен премиерот Груевски ќе присуствува на отворање на откупно дистрибутивниот центар „Apple Land“, а ќе направи и увид во градежните активности за рехабилитација на магистралниот пат Битола-Ресен-Буково.

Посетата на Пелагонискиот регион претседателот на Владата ќе ја заокружи со присуство на пуштањето во употреба на еден двоен и еден единечен тениски терен во спортско рекреативниот центар „Шеталиште“, во Битола.