Македонија
21. December 2015 - 15:28

Премиерот Груевски им подари пакетчиња на децата од домот „11 Октомври“

Премиерот Никола Груевски и заменик министерот за турд и социјална политка Диме Спасов денеска беа во посета на Домот  на деца без родители „11 Октомври“ во Скопје каде им доделија новогодишни пакетчиња на децата.

- Сакам да ви ја честитам Новата 2016 година и да ви посакам здравје и успех. Се надевам дека во Новата 2016 година не само што ќе бидете поголеми, туку ќе бидете помудри и многу посреќни, им порача премиерот Груевски на дечињата.

Децата изведоа пригодна програма за премиерот и за заменик министерот и им врачија поклони изработени од нивните раце во рамките на креативните работилници во Домот.