Премиерата на седмата сезона на „Игра на тронови" ги урна сите рекорди на ХБО
Првата епизода од седмата сезона на ТВ серијата „Игра на тронови", којашто премиерно беше прикажана завчера, ги надмина сите рекорди на гледаност на ХБО мрежата.
Преку многуте сервиси коишто ги пренесуваат ХБО каналите, првата епизода од седмата сезона ја гледале над 16 милиони луѓе, со што тоа е најгледаната премера на ХБО воопшто.
За споредба, првата епизода од минатата шеста сезона ја гледале околу осум милиони фанови, а пак, последната - 25,7 милиони.
Фантастичната приказна за дворските игри околу престолот, чиишто креатори се Дејвид Бениоф и Д.Б. Веис, привлече милиони фанови ширум светот и освои бројни номинации и награди, како што се „Еми“ за најдобра драма серија, или номинацијата за „Златен глобус“ за најдобра телевизиска серија.
Патем, Питер Динклиџ освои „Еми“ за најдобра машка споредна улога.
Авантуристичко-фиктивната приказна сместена во Средниот век, веќе по третата сезона ја симна од престолот дотогаш најгледаната ХБО серија „Сопранови".
Втората епизода од новата сезона на „Игра на тронови" ќе биде емитувана в понеделник, 24 јули.
Ново на Сител
-
Вакцините на АстраЗенека и Фајзер го намалуваат ризикот од хоспитализација за 80 отсто
-
Василевска: Пописот нема да биде одраз на реалноста, туку на политички договор
-
Угостителите и Владата не постигнаа договор
-
Синот на Сулејман Реџепи е ранетиот полицаец во кого попладневно беше пукано од возило во движење
-
Радев на состанок во шефовите на бугарските специјални служби заради „повреда на правата на Бугарите во Македонија“
-
Украински лекари не се вакцинираа против Ковид-19, па вакцините мораа да бидат фрлени
-
Медицинскиот дел од Кризниот штаб во Србија предложи полициски час и забрана за контакти
-
ЕУ воведува санкции против четворица високи руски претставници поради Навални