Премиера на вториот дел на „Чувари на Галаксијата“, ФХ3Х дел од ефектите
Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти и на вториот дел на Марвеловите „Чувари на Галаксијата“, кој од вечерва ќе почне да се прикажува во Скопје.
Според Кристијан Даниловски, ко-сопственик на ФХ3Х и извршен продуцент, на овој проект работеле вкупно 68 артисти од ноември минатата година до февруари 2017-та.
- Овој проект го работевме во соработка со Метод студиос и на филмот беа изработени околу 60 кадри. Со нетрпение очекуваме да го видиме конечниот резултат. Од она што се навестува за филмот низ медиумите и форумите, не очекува забава која е типична за Марвел. За визуелните ефекти оставам да погледнете и сами да оцените, изјави Даниловски.
Филмот е во режија на Џејмс Ган со спектакуларната актерска екипа составена од Крис Прат, Зое Салдана, Дејв Батиста, Бредли Купер, Карен Гилан, Пом Клементиеф, Елизабет Дебитски, Крис Саливан, Шон Ган, Силвестер Сталоне и Курт Расел.
Чуварите мора да се борат за да го одржат своето новостекнато семејство додека Питер Куил го открива своето потекло, притоа старите непријатели стануваат сојузници, а милениците на фановите од популарниот стрип се одзиваат на повикот за помош како што Марвеловиот филмски универзум продолжува да се шири.
Премиерата на вториот дел на „Чувари на Галакасијата“ е во 20 часот во киното Синеплекс.
Ново на Сител
-
Оваа година поголем одзив до 15 часот во споредба со 2019
-
Излезеноста во Куманово до 15 часот 33 проценти, во Липково 25, во Старо Нагоричане 35
-
Излезеноста на изборите до 15 часот во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто
-
24-годишна девојка нападната од нејзиниот невенчан сопруг
-
Силувана малолетничка во Шуто Оризари
-
Во Крива Паланка излезноста до 13 часот е 42,08 отсто