Премиера на „Спајдермен: Враќање дома“, ФХ3Х дел од ефектите
„Спајдермен: Враќање дома“ најновиот филм со еден од Марвеловите јунаци, на чии визуелни ефекти работеше македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х, од вечер ќе почне да се прикажува во Скопје.
Кристијан Даниловски, ко-сопственик и основач на ФХ3Х, истакна дека на овој проект работеле од јануари до мај годинава, со тим од околу 70 артисти.
- Марвеловите филмови ни се особено драги проекти, бидејќи сме фанови како компанија, но сепак моментот кога ќе си го видиме името на одјавната шпица, како што е на пример последниот проект, Трансформери: Последниот Витез, кој имаше премиера минатата недела, е токму тој момент, непроценлив, радост за целиот тим, причина да се гордееме со тоа до каде сме стигнале, изјави Даниловски.
„Спајдермен се враќа дома“ е американски филм за супер херој базиран врз карактер од Марвеловите стрипови, 16-ти филм во низата Марвелови суперхерои и втора екранизација на главниот лик. Режисер е Џон Уатс, а главните улоги ги толкуваат: Том Холанд, Мајкл Китон, Џон Февре, Доналд Гловер, Зендаја, Мариса Томеј и Роберт Дауни Џуниор.
Премиерата на „Спајдермен се враќа дома“ се одржа во Холивуд на 28 јуни. Светската проекција ќе почне утре, ден по скопската премиера, која ќе се случи вечер во киното Синеплекс.
Критиката филмот го оцени за многу позитивен, а високи оценки за актерската игра доби и актерот Холанд, кој се појавува во насловната улога. Продолжението на Спајдермен веќе е закажано за 5 јули 2019 година.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари