Македонија
28. October 2017 - 9:32

Премиера на „После дождот“ на композиторката Дарија Андовска

Циклусот за пијано „После дождот“ на композиторката Дарија Андовска денеска ќе има светска премиера во рамки на концертот „Жени во црно и бело - музика за пијано од композиторки кои треба да ги знаете“. Концертот ќе биде изведен на интернационалниот фестивал RE: NOVAE MUSICAE во Софиската филхармонија во Бугарија.

Дарија Андовска е трипати номинирана и двапати добитник на наградата „Виртуоз“ за најдобар композитор во Македонија, прогласена за „Истакнат уметник на град Цирих“, избрана меѓу шесте најдобри млади композитори во Европа за проектот „MusMA-Music Masters on Air“, а нејзини дела се изведувани и наградувани во Македонија и во триесетина земји во светот.