Фудбал
12. September 2015 - 16:36

Премиер лига: Резервистот Нејсмит (Евертон) го реши шампионот Челзи

Првиот натпревар од 5.коло од Премиер лигата го донесе и првото изненадување. На Гудисон парк во Ливерпул, Евертон го победи првакот Челзи со 3:1, а сите три голови за домашните ги постигна резервистот Стивен Нејсмит.

Откако Мухамед Бешиќ поради повреда беше заменет со Нејсмит во 9.минута, играчот од клупата на менаџерот Мартинез ја донесе победата.
Нејсмит головите ги постигна во 17, 22 и 82 минута, додека стрелец за Челзи беше Матиќ во 36.минута.
За Челзи ова е најслаб старт во Премиер лигата во последните 20 години.