Фудбал
20. April 2016 - 8:47

Премиер лига: Њуксал и Манчестер Сити одиграа нерешено

Екипите на Њуксл и Манчестер Сити одиграа нерешено 1:1 синоќа во одложениот натпревар од 27.коло од Премиер лигата. Гостите поведоа во 14.минута со голот на Серхио Кун Агуеро, а домаќинот изедначи во 31.минута преку Вурнон Анита. 
 
Вечерва се играат уште три одложени натпревари:
Вест Хем – Вотфорд,
Манчестер Јунајтед – Кристал Палас (30.коло) и
Ливерпул – Евертон (27.коло).
Утре во натпревар од 30.коло ќе играат Арсенал и ВБА.
 
Табела: Лестер 73 бодови, Тотенхем 68, Манчестер Сити 61, Арсенал 60, Манчестер Јунајтед 56, Вест Хем 53, Саутемптон 51, Ливерпул 51,...