Фудбал
11. February 2017 - 21:42

Премиер лига: Ливерпул се врати на победите

Фудбалерите на Ливерпул ја остварија 14.та победа во Премиер лигата откако вечерва во дербито на колото на домашен терен го совладаа Тотенхем со 2-0 со головите на Садио Мане. Со овој триумф „црвените“ ја прекинаа серијата од 5 натпревари без победа кога освоија само три бода.

Мане головите ги постигна во 16 и 18.минута.
Тотенхем и покрај поразот со 50 бодови остана на второто место колку што има има и Арсенал на третото место. Ливерпул има 49 бодови, исто со Манчестер Сити.
Челзи е лидер со 59 бодови.
Резултати од 25.коло од Премиер лигата:
Арсенал - Хал 2:0, 
Манчестер Јунатед - Вотфорд 2:0,
Мидлсброу - Евертон 0:0,
Стоук - Кристал Палас 1:0, 
Сандерленд - Саутемптон 0:4,
Вест Хем - ВБА 2:2.
Утре играат: Барнли - Челзи и Свонси - Лестер, а во понеделник Буренмут - Манчестер Сити.