Фудбал
15. January 2017 - 19:14

Премиер лига: Евертон го торпедира тимот на Гвардиола

Евертон на Гудисон Парк го декласираше Манчестер Сити со 4:0(1:0), во претпоследниот натпревар од 21 коло на англиското фудбалско првенство.
 
Екипата на Роналд Куман до водство стигна во 34 минута со голот на Ромелу Лукаку, на 2:0 зголеми вториот белгиски репрезентативец Кевин Миралас во 47 минута, Том Дејвис во 79 минута по третпат го совлада Браво, а конечните 4:0 во судиското продолжение ги постави 19 годишниот Адемола Лукмен.
 
Евертон со оваа победа се зацврсти на седмата позиција со 33 бода и го намали заостатокот зад петопласираниот Манчестер Сити на девет бодови. На врвот на табелата и натаму е Челзи со 52 бода, пред Тотенхем со 45 и Арсенал и Ливерпул кои имаат по 44 бода, но тимот на Јирген Клоп има и меч помалку.
 
Во последниот натпревар на 21 коло се среќаваат Манчестер Јунајтед и Ливерпул.