Преку обуки за иновации и претприемништво до вработување
Обука на тема „Иновации и претприемништво“ наменета за невработени лица на возраст од 25 до 45 години, кои имаат потреба или сакаат да го надградат своето знаење во областа на претприемништвото, во наредните четири дена ќе се спроведе во Скопје во рамки на проектот „Пат до вработување - развивање нови вештини и знаења за невработените лица“ што го спроведува Тренинг центарот Ц.Е.С.
Обуката е финансирана преку програмата „Еразмус плус“ на Националната агенција за европски образовни програми, чија цел е да се поттикнат иновативноста и креативноста кај невработените лица, да се запознаат со темите и предизвиците во областа на претприемништвото и да се охрабрат да развијат сопствени идеи и иницијативи за социјално претприемништво.
Проектот се спроведува со партнер организации од Полска, Бугарија и Романија, а учесниците на обуката имаат можност да ги споделат своите искуства со искуството на невработените лица од овие земји.
Нашата порака е, потенцираат од Тренинг центарот Ц.Е.С, да се земе малку поактивно учество во развојот на сопствени бизниси.
- Работиме согласно барањата на пазарот на трудот и барањата на лицата кои бараат вработување. Пазарот на трудот бара континуирани обуки, зајакнување на капацитетите и на ресурсите со кои се работи, како и надградба на вештините кои се стекнуваат во текот на работењето, велат од Ц.Е.С, Центарот што го промовира и развива концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка