Македонија
22. September 2015 - 9:09

Прекини во сообраќајот на патот Охрид-Кичево и скопската обиколница

Патниот правец Охрид - Кичево кај планинскиот превој Пресека денеска од 13 до 15 часот ќе биде во прекин, а обиколницата околу Скопје ќе биде затворена за сообраќај.

Авто мото сојузот на Македонија информира дека прекинот во сообраќајот на патот Охрид - Кичево ќе биде во временски интервали од 15 до 20 минути поради минирање на патот.

Обиколницата околу Скопје повторно ќе биде затворена од 7 до 19 часот поради снимањето на францускиот филм „А Фонд“.