Македонија
16. November 2016 - 14:17

Прекини во сообраќајот на патот Бошков Мост - Дебар и наредните денови

Асфалтирањето на делницата Бошков Мост-Дебар, кое се одвива со забрзана динамика, деновиве услови повремени прекини на сообраќајот на оваа делница, која е дел од патниот правец Маврово-Дебар. Прекините во сообраќајот се во периодот од 12 до 16 часот на потегот Бошков Мост-Косоврасти.

Во периодот кога се изведуваат работите  во зависност од потребите се  пропуштаат само приоритетни возила како брза помош, полиција или противпожарна.

Според изведувачот на градежните работи, фирмата „Ескаватор“ од Урошевац, асфалтирањето ќе продолжи и во наредните денови освен во денови кога нема услови за тоа, што значи дека повремени прекини во сообраќајот ќе има и понатаму.

Делницата е во должина од над осум километри, работите почнаа кон крајот на минатата, а се очекува да завршат до крајот на годинава.

Реализацијата на овој проект на Владата,поради големите оштетувања на патот, од надлежните институции и локалната валста се оцени како особено значајни за безбедноста во сообраќајот и за економскиот развој на овој регион.

Со претходно реализираниот владин проект, со кој целосно се реконструира патот Дебар-Струга, Ново Село-Маврово, како и патот Мелнички Мост-Центар Жупа, кој е во завршна фаза, и најавите за реконструкција на патот кон преминот Блато, патната инфраструктура која Дебар го поврзува со поширокит регион ќе ја добие потребната сигурност, што е и услов за забрзан економски развој, оценуваат од надлежните институции.