Прекинато судењето на лекарот кој и помогна на ЦИА околу Бин Ладен
Пакистанскиот суд му даде на обвинителството две недели да подготви одговор на жалбата на осудениот пакистански лекар, кој спроведе лажна кампања за вакцинирање за да и помогне на ЦИА да утврди каде се наоѓа Осама бин Ладен.
Судењето се прекинува се додека не одговори обвинителството.
Доктор Шакил Африди е осуден на 33 години затвор во 2012 година на основа на обвинение за финансирање екстремистичка група.
Тоа е одвоен случај од оној за наводната поврзаност на пакистанскиот доктор со Централната разузнавачка агенција, за што Африди не е официјално обвинет.
Вашингтон побара Африди да биде ослободен, но Исламабад го одби тоа, наведувајќи дека го прекршил пакистанскиот закон.
Припадниците на американската специјална единица „фоки“ го убија водачот на Ал Каеда на 2 мај 2011 година во пакистанскиот град Аботабад, а Исламабад не бил упатен во тоа.
Ново на Сител
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата