Свет
3. јуни 2017 - 9:04

Прекинат рок фестивалот „Рок ам Ринг“ поради терористичка закана

Поради терористичка закана синоќа е евакуирана публиката од рок фестивалот „Рок ам Ринг“, што се одржуваше во близина на Нирнберг.

Првата вечер од фестивалот е прекината откако германската полиција во Кобленц добила дојава за „конкретна закана“.

Организаторите на „Рок ам Ринг“ соопштија дека полицијата ги посоветувала да го прекинат фестивалот.

Се уште не е познато колку луѓе имало во публиката, но се претспоставува дека тридневниот фестивал може да привлече околу 90.000 лица.