Македонија
13. September 2018 - 8:14

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп-Градско

На експресниот пат Прилеп – Градско, делница Фариш – Дреново, поради градежни работи денеска ќе има прекини на сообраќајот.

Прекините ќе започнат во 09:00 и 11:00 часот и ќе траат околу 30 - 45 минути. После 11:45 часот сообраќајот ќе се нормализира.