Македонија
13. November 2020 - 21:21

Преговорите за недела - неработен ден за сите се уште траат

Кој ќе работи, кој ќе одмара во недела допрва ќе се утврдува. И синдикатите, и работодавачите и коморите треба да достават списоци со дејности кои мора да работат. Министертсвто за труд ги коориднира засеганатите страни од таму велат дека ќе мора да има исклучоци од правилото недела да биде неработен ден. Засега е јасно дека здравството, полицијата, пожаникарите и други дејности ќе мора да работат, кој друг ќе биде ставен на списокот, ќе се знае во наредните денови.

Од синдикатот велат дека досега имало злупотреби на законската оредба за плаќање на работната недела.  Сега ќе се инсистира на доследна примена на законот за оние кои ќе мора да одат на работа.

По денешниот состанок на социјалните партнери, од Министертсвто за труд соопштија дека „од страна на присутните членови на ЕСС одлуката недела – неработен ден , како ден за семејството беше позитивно оценото. Разговорите продолжуваат и следните денови, но се очекуваат и дополнителни анализи кои ќе придонесат во изработка на првична драфт верзија, после која повторно ќе се направат консултации“.

Анкетата на Сојузот на стопанската комора спореведена меѓу 1160 испитаници покажала дека 75% од фирмите се изјасниле дека нема да имаат негативни последици ако не работат во недела.  Оваа анкета ќе биде земена во предвид при поготовнака на законското решение за неделниот неработен ден.