Преговори за признавање на професионални квалификации од повеќе области во земјите од Западен Балкан
Владата на Република Македонија во рамки на денешната 90-та седница го прифати предлогот на Министерството за образование и наука за поведување постапка за водење на преговори за склучување на договор за заемно признавање на професионалните квалификации за доктори по медицина, стоматолози, архитекти и градежни инженери меѓу земјите од Западен Балкан.
Како што соопшти Владината прес-служба, целта на договорот е да се зајакне регионалната трговија на услуги, врз основа на ЦЕФТА протоколот 6 за Трговија со услуги со намалување и елиминирање на препреките за слободно движење на експерти и професионалци во регионот, но и согласно целите и приоритетите предвидени со Стратегијата за Југоисточна Европа 2020 и повеќегодишниот план за регионална економска зона, а со цел отстранување на препреките за признавање на професионалните квалификации.
Договорот исто така би ја зголемил и мобилноста на професионалците, а ќе придонесе и за подобро спојување на вештините со потребите на пазарот на трудот и зголемена продуктивност, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците