Македонија
13. September 2018 - 14:42

Прегазени две момчиња во Тетово

Повредени двајца пешаци на тетовските улици, станува збор за лица на возраст од 15 и 18 години, повредените веднаш биле хоспитализирани. Како што информираат од полицијата, вчера   околу 19.30 часот на кружниот тек на улиците „Видое Смилевски-Бато“ и „Браќа Миладинови“ во Тетово, патничко возило „Ауди А4“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(30) од  Тетово, удрило во двајца пешаци од Тетово на возраст од 15 и 18 години.

Повредените пешаци, соопшти денеска МВР, биле пренесени во тетовската клиничка болница и по укажаната помош биле задржани за понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Tетово.