Македонија
11. January 2020 - 13:34

Прегазена жена во Прилеп, се здобила со тешки повреди

Вчера во 15 часот и 30 минути во Прилеп на крстосницата од улица ,,Прилепски бранители“ и ул.,,Трајко Тарцан“ се случила сообраќајна незгода во која   товарно моторно возило ,,ДФМ,, со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.С (60)од Прилеп удрило во Д.И (67) од Прилеп.

По ударот К.С. ја пренел Д.И. во ИМП-Прилеп, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.