Македонија
9. March 2016 - 13:45

Прегазен велосипедист во Битола

Завчера во 11.15 часот во Битола, на крстосницата од ул. „Столарска“ и ул. „Филип Втори Македонски“, се случила сообраќајна незгода во која К.Б. (64) од Битола, управувајќи патничко моторно возило „Цитроен берлинго“ со битолски регистарски ознаки, удрил во велосипедистот А.М. (67) од Битола. 

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот А.М., кој бил однесен во Клиничка болница Битола од каде, по укажаната помош, бил пуштен на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Битола.