Македонија
24. December 2016 - 13:04

Прегазен велосипедист во Берово

На 23.12.2016 година околу 10,30 часот во Берово на крстосницата од ул.„Маршал Тито“ со ул.„Паруца“ случена е сообраќајна незгода во која М.Г. (62) од Берово управувајќи ПМВ„Хјундаи“со штипски регистерски ознаки удрил во велосипед управуван од Б.Ќ. (75) од Берово. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешка телесна повреда (фрактура на десна бутна коска), кој по укажаната лекарска помош во ЈЗУ-Берово, поради сериозноста на повредата бил префрлен и задржан на лекување во МЦ-Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Берово. Се работи на целосно расчистување на случајот.