Македонија
27. March 2016 - 13:25

Прегазен тинејџер на „Јордан Мијалков“, возачот побегнал

Ноќеска околу 01,00 часот во Скопје на ул.„Јордан Милјаков“ случена е сообраќајна незгода  во која  патничко моторно возило „Рено Меган“ управувано од засега непознат возач удрил во пешак Ф.М.(19) по што го напуштил местото на настанот.
 
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот по што бил пренесен во ГОБ„Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
 
Се работи на целосно расчистување на случајот.