Македонија
21. August 2018 - 9:29

Прегазен старец во Кавадарци

Вчера во 09.30 часот на улицата „Партизанска“ во Кавадарци, патничко возило „Форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Л.С.(41) од Кавадарци, удрило во пешакот Р.П.(71) од Кавадарци.

Од ударот пешакот се здобил со тешки телесна повреда и по укажаната лекарска помош бил задржан на лекување во Општа болница Кавадарци.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.