Македонија
4. August 2018 - 12:11

Прегазен пешак во Велес, со тешки повреди префрлен во Скопје

Вчера наутро околу 08,00 часот било пријавено дека во Велес на улицата „Благој Ѓорев“ товарно моторно возило „Фиат Дукато“ со винички регистерски таблици управувано од К.П.(60) удрило во пешак В.Ј.(73). В.Ј. била пренесена во Јавната здравствена установа во Велес каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди и била префрлена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Велес и се работи на целосно расчистување на случајот.