Македонија
26. March 2018 - 13:55

Прегазен пешак во Тетово, возачот избегал

Повозрасен маж е повреден откако вчера околу 17:40 часот во него удрил автомобил.

Според информациите од полицијата несреќата се случила на кружниот тек на улиците „Илинденска“ и „172“ во Тетово, кога непознато возило удрило во пешакот О.О. (76) од село Пирок, тетовско, по што го напуштило местото.

Притоа, О.О. се здобил со повреди и со друго возило бил пренесен и задржан на лекување во тетовската клиничка болница.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и возилото и за целосно расчистување на случајот.